Франција: Државна агенција ќе се бори против странски напади со лажни вести

Од:

Франција се подготвува да формира национална агенција за борба против манипулации со информации од странство, чија цел би била дестабилизација на државата, изјави генералниот секретар за одбрана и национална безбедност Стефан Бујон.

Службата, која ќе биде дел од Секретаријатот за одбрана и национална безбедност, се очекува да започне со работа во септември и да брои до 60 вработени, нагласи тој пред собранискиот комитет за одбрана

Целта на агенцијата „не е да ја исправи или врати вистината, туку да може да открие напади кои доаѓаат од странство“ и да ги идентификува. Ова ќе им овозможи на политичарите, дипломатите, претставниците на медиумите или судот да наведат, на пример, дека „од 400.000 твитови кои споделуваат некаква информација, 200.000 доаѓаат од фабрика за ботови во регион надвор од нашата земја или дека доаѓа одредена дебата од фабрика за тролови“, истакна Бујон.

– Ова не е за собирање разузнавачки информации, туку не интересира она што е на пат да стане пандемија на информации и дали тоа доаѓа од странска земја или организација која се обидува да ја дестабилизира француската држава, додаде генералниот секретар.

Би можело да ве интересира

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Се урна авион во Франција, пилотот не успеа да се катапултира

Горан Наумовски

Пилотот и најмалку еден патник исчезнаа по падот на два авиони во Франција

Горан Наумовски