Франција домаќин на средба за создавање на антиисламистички сили во Централна Африка

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика европските и африканските држави да го забрзаат создавањето на регионални сили кои ќе се борат против исламистичките групи во Африка.

На средбата во замокот Сел Сен Клу во близината на Париз беше посочено дека најзагрозени држави се Мали, Нигер, Буркина Фасо, Мавританија и Чад, каде дејствуваат исламистички групи.

Покрај Макрон, на средбата учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Паоло Џентолони и белгискиот премиер Шарл Мишел, а ќе присуствуваат и претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и САД.

Веќе е формиран штаб и извршена е првата воена операција во која учествувале неколку стотици војници од Буркина Фасо, Нигер и Мали. Се предвидува создавање на вооружени сили со 5 илјади војници, кои би дејствувале во посочените африкански држави.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз