Франција депортираше 30 албански државјани-баратели на азил

Од:

Најмалку 30 албански државјани, со посебен авионски лет, се депортирани од Франција,откако им е одбиено барањето за азил.

По оваа последователна реадмисија на поголема група албански државјани, властите во Тирана упатија апел до граѓаните да не се залажуваат да заминуваат азиланти,бидејќи можностите да бидат прифатени нивните барања се еднакви на нула.

– По кој знае кој пат повторуваме како Министертво за внатрешни работи,дека апликациите за азиланти во земјите на ЕУ на албанските граѓани не се прифаќаат,бидејќи Албанија се смета за безбедна земја.Да кажам со обични зборови, можностите албанските граѓани да добијат статус на економски или политички азиланти се еднакви на нула,порача заменик министерот за внатрешни работи Стеан Чипа.

Генералниот директор на албанската полиција,Хаки Чако, наведува дека продожуваат интензивна соработка со сите партнери,но и со сите други земји на ЕУ,кои јасно ставаат до знаење дека е неможно албанските граѓани да добијат азил во земјите на унијата.

Во последните неколку години над 100 илјади албански граѓани заминале азиланти во некоја од земјите на ЕУ,најголем процент од нив во Германија.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски