Франција бара „Гугл“ де плати 1,6 милијарди евра заостанат данок

Од:

Француската даночна служба бара од американскиот интернет гигант „Гугл“ да плати 1,6 милијарди евра на име заостанат данок, јави дописникот на МИА од Париз.

Според информациите пренесени во повеќе француски медиуми, Министерството за финансии на Франција одбило да ја коментира оваа информација, повикувајќи се на одредбата за „даночна тајна“.

Објавувањето на информацијата за заостантиот долг од 1,6 милијарди евра се совпадна со престојот на генералниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи во Париз, каде треба да се сретне со министерот за економија Емануел Макрон.

Засега нема информации дали даночното прашање ќе биде една од точките на разговорите на Макрон и Пичаи.

– Ние не бевме информирани за ова досие, иако сме во преговори со децении, изјаву еден извор од подружницата „Гугл Франција“, која вработува 700 лица. Според него, објавувањето на овие информациите е „помалку изненадувачко“.

Француската даночна служба на почетокот на месецот тврдеше дека нема да преговара за износот на данокот кој треба да го плати „Гугл“, како што направи и британската влада. Покрај Франција, и Италија бара од „Гугл“ наплата на заостанат данок.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски