Франција: Апликација StopCOVID почнува со тестирање

Од:

Апликацијата за набудување на контакти StopCOVID во Франција е поставена да влезе во фазата на тестирање денеска, кога државата ќе почне да ги ублажува мерките за изолација. Тоа го најави министерот за дигитални прашања Седрик О.

Министерот ја претстави апликацијата како клучен елемент на стратегијата на Франција за одбрана од коронавирусот, пренесува Гардијан.

„Нема ништо волшебно во врска со таа апликација, но не е ниту флертување со технологијата. Корисно е само ако е интегрирано во глобалниот здравствен систем“, напиша францускиот министер за платформата „Медиум“.

Многу земји ширум светот брзаат да развијат апликации за проценка на ризик од инфекции што треба да помогнат во изолирањето на оние кои може да ја шират болеста.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата