ФОТО/ВИДЕО: Експлозија во фабрика за вештачко ѓубриво во Тексас

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а стотина се повредени во силната експлозија која доцна синоќа се случи во фабрика за вештачко ѓубриво во Тексас.
eksplozija-teksaseksplozija-teksas3Во експлозијата која ја погоди фабриката за вештачко ѓубриво во градот Вест, на стотина километри јужно од Далас, за чија што причина се уште не се знае, уништени се поголем број куќи, згради како и еден дом за стари лица кој се наоѓал во близина.
eksplozija-teksas2Се стравува дека 70 лица настрадаа во несреќата, меѓу кои и петмина пожарникари и еден полицаец.
eksplozija-teksas4Власта издаде наредба сите три илјади жители да го напуштат градот, поради отровната пареа која се шири низ воздухот.

Портпаролот на Одделението за јавна безбедност на Тексас Ди Ел Вилсон потврди дека се работи за стотци повредени и голем број уништени домови.

Тој истакна дека и од домот за стари лица се евакуирани 150 лица, но и дека некои од нив не успеаа да излезат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас