Фотографот на Ахмадинеџад пристигна во Њујорк со претседателот и побара азил

Од:

Фотографот Голканбхан Хасан, кој пристигна заедно со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, минатата недела, не се врати на Иран, туку побара азил од САД, објави Си-Ен-Ен (CNN).

Неговиот адвокат, Пол Одвајер изјави дека Голканбхан стравува од политичко гонење поради своето противење на иранската влада, а неговата сопруга и двете деца го напуштиле Иран и во моментот се скриени на безбедно место.

„Тој се плаши да се врати во Иран. Го гледаат како противник, а не како некој кој се согласува со режимот во Иран“, рече Одвајер.

Адвокатот одби да открие каде е фотографот сега, но соопшти дека тој чека за да разговара со американските власти за азил, што би можело да потрае со месеци.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава