ФОТО: Жирафа избегала од циркус, ја бркале три часа

Од:

Жирафа избегала од циркус во италијанскиот град Имола. Очајните чувари од циркусот залудно се обидувале да ја убедат жирафата да се врати во кафезот. Уплашеното животно за момент избегало од кругот на циркусот. Повеќе од три часа исплашената жирафа, трчала насекаде низ малиот град, пред да биде успиена и повторно вратена во циркусот. И додека едни разулавено бегале пред налетот на животното, малку похрабрите се обидувале да и го попречат патот на жирафата.

Жители на малото гратче пријавиле штета врз нивните автомобили, кои жирафата ги оштетила бегајќи во страв. Полицијата се обидела да ја затвори жирафата употребувајќи автобуси и камиони, но таа успевала да им избегне. Комичната “брканица“ накрај завршила на паркинг пред голем супер маркет каде полицијата успеала да ја притисне жирафата.

Во збунетата жирафа, која очигледно била во паничен страв, потоа било стрелано со две сретства за успивање. За среќа малечката жирафа поминала без повреди и до вечерта била однесена во зоолошката, дел од циркузот.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија