ФОТО: Во Судан откопани 35 минијатурни пирамиди

Од:

Францускиот археолог, Клауд Рајли, и членовите на неговиот тим пронајдоа 35 пирамиди во Судан, кои се стари околу две илјади години.

Пирамидите, кои се помали од досегашните откриени, се изградени на крајот од постоењето на богатото кралство Меро, помеѓу 100-та и 200-та година пред Исус. Некрополите со околу илјада гробници зафаќа отприлика 40 хектари, а интересно е што некои пирамидаи не се повисоки од еден метар. Изградени се од цигли, а досега се откопани само четвртина. На некои места се толку густо поставени што помеѓу нив не може да се помине, објасни Рајли.

Meroepyramids-sudan

„Египетските пирамиди се постари од суданските, но суданските се побројни“, рекол шегувајќи се Рајли.

Meroepyramids-sudan1

Тој додаде дека пирамидите во Египет се посветени на фараоните, а во Судан често имале и „обичните смртници“. Имено, Рајли жали што археолозите успеале да најдат мал број вредни предмети, бидејќи крадците веќе ги посетиле.

Meroepyramids-sudan2

Археолошката работа траеше три години.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска