ФОТО: Туристички хит дестинации за 2013

Од:

Многумина никогаш не слушнале за некои од градовите што вреди да се посетат во 2013 година, нивната единствена понуда секако освежува во морето на туристички дестинации. Ви ги претставуваме најдобрите градови за 2013 година според “Интернешнл Бисниз Тајмс“.

Тбилиси, Грузија

Грузиската престолнина станува се’ почеста дестинација за туристите од цел свет. Најмногу ги привлекува кујната која е мешавина на блискоисточна и источноевропска, а интересно е дека токму тука луѓето ја откриле вештината на произведување вино.

Поради нејзината традиција на одгледување грозје и производството на разни сорти вино стара неколку илјади години, претставува една од најинтересните дестинации во светот.

Кастро, Чиле

Посетата на чилеанскиот остров Чилое и градот Кастро никогаш не била полесна благодарение на новото пристаниште за траекти, обновените патишта и неодамна отворениот аеродром. Изолиран од јужноамериканското копно, островот негува сосема поинакви култура, храна и уметност. Посебноста на Чилое ја препозна и УНЕСКО и неговите куќи и цркви ги смести во архитектура од светско значење поради единствениот спој на локална и европска култура.

Баган, Мјанмар

Мјанмар помина долг пат да се претвори од “црната дупка“ на југоисточна Азија до една од најголемите атракции во 2012 година која ја посетиле повеќе од милион туристи. Во земјата за кратко време се отворени 448 хотели, но тоа е недоволно за сите кои сакаат да ја посетат.

Се предвидува дека оваа сезона најпосетен ќе биде градот Баган. Во неговата околина има најголема концентрација на будистички храмови во светот.

Кито, Еквадор

Обновената железница вредна 250 милиони долари ќе го поврзе Кито со еквадорските врвови на Андите и пристаништата, а тамошните туристички работници се надеваат дека токму поради тоа во 2013 година туристите конечно ќе го преплават нивниот град.

Планинскиот град е заштите од УНЕСКО. Тука може да видите најубавата колонијална архитектура на Јужна Америка, но многу туристи повредна ја сметаат неговите природни богатства.

Дар ес Салам, Танзанија

Кога за првпат авион од нискобуџетната африканска компанија “Фастџет“ полета од базата во Дар ес Салам, обележан беше почетокот на новата ера патувања во субсахарскиот дел на “Црниот континент“.

Овој превозник има намера да воведе европски начин на патување и светски стандарди во африканскиот авиопревозник. Ако му појде од рака, танзаниското море и рајскиот Занзибар би можеле да станат топ дестинација во Африка во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска