ФОТО: Трета ноќ продолжи насилството во Белфаст

Од:

Стотици демонстранти трета ноќ по ред излегоа на улиците на Белфаст и предизвикаа судири со полицијата и покрај повиците за разумност од страна на премиерот на Северна Ирска Питер Робинсон.

Во насилствата е повреден еден полицаец. Демонстрантите фрлале молотови коктели и различни предмети врз полицијата, која одговори со гумени куршуми.

belfasttrettanok1

– Многу е важно да запре насилството. Треба да се зачува ладнокрвноста во овие услови и се надевам дека луѓето ќе ги слушнат повиците да се воздржат од насилство. Единствениот дозволен начин е мирно и законски да се протестира, изјави премиерот Робинсон.

belfasttrettanok3

Насилството започна во петокот вечерта, кога полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите да влезат во квартот населен со католици и да не дозволат судири. Во првата ноќ од протестите беа повредени 32 полицајци, а еден политичар беше погподен во главата со тула.

belfasttrettanok

Ноќта меѓу саботата и неделата беа повредени седум полицајци, кои биле нападнати од демонстранти со молотови коктели.

Околу илјада полицајци од Англија и Велс беа ангажирани за го спречат насилството, кое секоја година ја обележува парадата на 12 јули, која е најважна манифестација на протестантскиот Ред на Портокаловите и традиционално се организира во Северна Ирска од април до август.

belfasttrettanok2

Католиците во денешна Северна Ирска се против овие маршеви, за кои сметаат дека се навредливи за нивната заедница.

Триесет годишното насилство на верска основа во Северна Ирска однесе 3.500 животи.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска