Вселенскиот брод на НАСА, „Орион“ за прв пат ќе биде лансиран во декември, а вработените во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, ги започнаа последните подготовки за тестирање, пренесуваат агенциите.
-Се поблиску сме до лансирањето. Пробниот лет ќе ни ги даде важните информации за тоа што се е потребно да направиме за да испратиме луѓе подлабоко во Сончевиот систем- вели Марк Гејер, менаџер на програмата на Орион.
Пробниот лет ќе се изведе на одалеченост од 5.800 километри над Земја и ќе трае од четири до 5 часа, со цел да бидат тестирани клучните системи за заминување на луѓето во иднина на Марс.
Според програмата, по две заобиколувања на нашата планета, Ориот ќе се врати во атмосферата со брзина од 32.200 километри на час, пред падобран да го спушти леталото во Пацификот.
Инженери од вселенскиот центар Маршал во Хантсвил (Алабама), направија совршен адаптер за поврзување на Орион со Делта IV ракета, која во декември во тек на пробите ќе го лансира леталото.
Е. Г.