Повеќе од 56 полицајци се повредени во судири со демонстранти од редовите на британските лојалисти кои се противат на намерата на католичките републиканци да организираат колона за одбележување годишнина од воведувањето затвор без судски процес на 9. август 1971 година.
Полицијата употреби водени топови и гумени куршуми додека врз неа беше фрлано со цигли, шишиња и петарди.
И претходната вечер во Белфаст беа регистрирани немири во кои беа повредени осуммина полицајци.
Со договор за поделба на власта во локалната влада меѓу протестантите и католиците во 1998 година воглавно се завршени судирите во Северна Ирска, но и понатаму се случуваат спорадични немири и закани со бомби.