По 400 години мирување повторно се активира вулканот Синабунг, кој што се наоѓа во село Каро, северно од Индонезија, поради што жителите се принудени да ги напуштат своите домови.
Како што пренесуваат медиумите вулканот интензивно исфрла оган, гас и лава.
Инаку Индонезија се наоѓа на површина со висока сеизмичка и вулканска активност. Има повеќе од 400 вулкани, од кои најмалку 129 се активни, додека 65 се означени како опасни.
Е. Г.