ФОТО: Откриена највисоката статуа на папата Јован Павле Втори

Од:

Највисоката статуа на светот на папата Јован Павле Втори денеска е откриена во полскиот град Честохови, каде е роден некогашниот поглавар на Римокатоличката црква.

statua-papa-9873

Статуата го прикажува папата, кој почина во 2005 година, со раширени раце и во бела облека, освен златниот крст што му виси околу вратот.

Споменикот е тежок 10 тони и висок 13,8 метри, а автор е Лешек Лисон.

Статуата е сместена зад паркот во кој се наоѓаат минијатури на свети места, како што е Лурда во Франција.

Лисон го запознал Карол Војтила во 60-тите години од минатиот век, пред тој во 1978 година да ја преземе должноста поглавар на Римокатоличката црква и да го земе името Јован Павле Втори.

Во Полска се наоѓа и највисоката статуа на Исус Христос, висока 36 метри, која во 2011 година е поставена во близина на автопатот во градот Свјебоѓина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше