ФОТО: Околу 200.000 луѓе присуствуваа на погребот на Захарченко

Од:

Околу 200.000 луѓе денеска присуствуваа на погребот на лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Александер Захарченко, кој беше убиен во петокот.

На комеморацијата, што се одржа во Театар, опера и балет на Доњецк, присуствуваа и претставници од Русија, од Абхазија и од Северна Осетија. Потоа погребната поворка се движеше низ централните улици на Доњецк се до зградата на администрацијата.

Захарченко ќе биде погребан заедно со уште двајца негови соработници, кои исто така беа убиени при нападот врз ресторанот.

Лидерот на ДНР, Захарченко загина во петокот при експлозија во ресторан во Доњецк. Силите за безбедност на самопрогласената република приведоа неколкумина осомничени.

Тие наводно потврдиле дека во атентатот вмешан е Киев, додека Украинската служба за безбедност ги демантираше таквите наводи.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија