ФОТО: Лавата на Хаваи се шири, жителите препупредени за евакуација

Од:

Властите на Хаваи ги предупредија жителите дека лавата, која брзо се движи, се приближува до куќите, кои неодамна беа уништени од ерупции од хавајскиот вулкан Килауеа.

Хавајската служба за цивилна одбрана соопшти дека полицијата, пожарникарите и трупите на Националната гарда ја обезбедуваат зоната на Големиот остров и ги спречуваат луѓето да влезат во неа.

Истовремено, локалните власти ги повикуваат жителите да се подготват за потенцијална евакуација.

Инаку, неизвесно е кога вулканот ќе се смири.

Вулканот на Големиот остров експлодираше во четвртокот, при што исфрли пепел и камења неколку стотици метри во висина.

Според научниците, тоа била најсилната ерупција, иако траела само неколку минути, а се случи две недели откако вулканот почна да исфрла лава кон населбите, 40 километри источно од кратерот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97

На Хаваи, повеќе од 300 се водат како исчезнати по пожарот

Бројот на загинати од шумските пожари во Мауи се искачи на 111, околу 1.000 луѓе се водат како исчезнати

Бројот на загинати во пожарот на Хаваи се искачи на 101

ВИДЕО: Бројот на жртвите на Хаваи ќе биде двојно или тројно поголем