Дел од населението на планетава минатата ноќ поради зголемената облачност не можеа да го набљудуваат т.н. Супер Месечина.
Сепак фотографии од големиот сателит кружат од целиот свет.
Кога перигеј – точката на патот на небеското тело во кое тоа е најблиску до Земјата ќе се поклопи со периодот кога е полна Месечина, се добива можност да се ужива во феноменот кога таа изгледа многу поголема.
Супер Месечината во својот полн сјај минатата ноќ заблеска на небото.
[nggallery id=205]
Елена Георгиевска