Едно лице загина, а 11 се повредени во Лос Анџелес кога автомобил удрил во луѓе кои се движеле по пешачката патека на познатата плажа Венис.
На местото на несреќата веднаш пристигнале 100 лекари од екипите на Итна медицинска помош, а тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба.
По инцидентот возачот избегал со автомобилот, а полицијата започнала потрага по него. Тој го оставил возилото во Санта Моника и сакал да се сокрие, но на крајот и се предал на полицијата.
Според очевидци, возачот бил на возраст од околу 25 години и го управувал возилото низ пешачката зона со брзина од 32 километри на час.
Момчето поради предизвикување тешка сообраќајна несреќа со смртни последици ќе биде обвинето за убиство, а неговата причина за инцидентот засега не е позната.