ФОТО: Британски тенк влегол во двор на брачен пар во Германија

Од:

Во градината на Улрих Тилснер и неговата сопруга Магдалена во Германија се случил неверојатен инцидент, откако британско оклопно возило сопственост на военото училиште Падерборг, под нејасни околности завршило во нивниот двор.

Настанот се случил во Падерборн, а според наводите на медиумите тенкот кој излетал од патотимал некаков механички дефект.

Шеесет и седумгодишниот Улрих изјавил дека се шокирал кога видел како тенкот влегува во неговата градина.

Дедо ми се јави и ми рече дека малку ќе задоцни, бидејќи во дворот има тенк – вели нивната внука Стефани.

Според наводите на Министерството за одбрана во инцидентот нема повредени, а истрагата е во тек.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија