Формирана израелско-грчка група во Конгресот

Од:

Американски конгресмени по потекло од Грција и Израел, и претставниците на двете заедници во САД, формираа нова група, наречена Конгресна хеленско-израелска алијанса, чија цел ќе биде да работи на односите меѓу Грција, грчкиот дел на Кипар и Израел.

Групата формирана од конгресмените од Флорида, републиканецот Гас Билиракис и демократот Тед Дојч, а под покровителство на амбасадорите
на Израел, Грција и Кипар во САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Трите земји работат на засилување на меѓусебните односи, како противтежа на Турција во регионот, а со цел во САД да се промовираат проектите за развој на наоѓалиштата на нафта и гас во Средоземно Море јужно од Кипар и западно од Израел.

Кипарските власти прогласија ексклузивна економска зона и бараат заедничка експлоатација на наоѓалиштата со израелските компании кои работат на наоѓалиштето Левијатан, но Турција се противи на едностраните чекори од страна на Кипар.

– Стратегиската положба на Грција, Кипар и Израел, нашите природни ресурси и интелектуален капитал водат до природно партнерство во економските, енергетските и анти-терористичките активности во Блискиот Исток и Европа, изјави конгресменот Билиракис, кој е со грчко потекло.

Покрај Билиракис и Дојч, во групата засега се приклучени демократскиот конгресмен од Њујорк Елиот Енгел кој долги години е активен на балканските прашања, и демократскиот конгресмен Бред Шнајдер.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ