„Форбс“: Не им е лесно на сопругите на руските олигарси

Од:

Во Русија има 88 милијардери, што е помалку во однос на 2014 година, кога имаше 111 милијардери, пишува руското издание на списанието „Форбс„ според кое масата на богатството на олигарсите, годинава е намалено од 481, на 401 милијарда долари.

За една година, најмногу загубил Генадиј Тимченко, кој од 15,1 милијарда, своето богатсво го намалил на 10,7 милијарди долари.На листата на „Форбс„ за прв пат, меѓу првите десет најбогати го нема Роман Абрамович, сопственикот на лондонскиот клуб „Челзи„ кој годинава е рангиран на дванаесетото место меѓу најбогатите руски олигарси, со „само„ 12 милијади долари.

Но, спсанието овој пат се занимава и со сопругите на олигарси, признавајќи дека за секој од нив јавноста знае малку, но дека медиумите во светот се занимаваат со тоа како изгледаат и како и колку се ангажирани.

Поголемиот дел од нив се на челото на разни хуманитани организации и фондови, па сопругата на Тимченко, Елена се појавува како косопственик на голем број од неговите компании низ светот.

Годинава најбогатиот руски олигарх, Владимир Потанин, сопственик на „Норилск никел„ со богатство проценето на 15,4 милијарди долари, има други проблеми, како да ја смири својата поранешна сопруга Наталија, која бара дури половина од неговото богатство.

Наталија е гневна што Потанин по многу успеси и падови, од почетокот на руската стабилизација, веднаш по разводот ја легализира својата долга вонбрачна врска со својата љубовница и соработничка Катерина.Таа е 15 година помлада од бившата сопруга и има тригодишна ќерка со Потанин.

Како најпозната и најгламурозна меѓу сопругите на олигарсите „Форбс„ ја именува Дарија (Даша) Жукова, последната сопруга на Абрамович.

За разлика од другите, Даша има свој бизнис, модната куќа „Кова & Т„ а е сопственик и на музејот за современа уметност „Гаража„.

Веднаш зад Абрамович, е рангиран Андреј Миличенко со богатство од повеќе од девет милијарди долари.Неговата сопруга Сандра, пак, е позната по изјавата дека за да се биде сопруга на милијардер значи да си „вработена со полно работно време„.

Госпоѓата Миличенко знае да се пофали дека имаат куќи во разни делови од светот, како и дека таа ги има избрано сите детали во нив, до чиниите и секоја стол.

Меѓу најпознатите меѓу сопругите на олигарсите е и Ирена Винер, жена на Алишер Усманов.Тој со години на ред беше на чело на листата на најбогатите, а годинава е на трето место со 14 милијарди долари.Неговата сопруга е селектор на руската репрезентација во уметничка гимнастика.Усманов ја побарал за жена додека бил во затвор, во 1988 година.Тие немаат деца, но нејзниниот син е сопственик на најпознатиот и најголемиот синџир на узбекистански ресторани „Урјук„.

Ирена вели дека без разлика дали тоа го признаваат нивните (богати) сопрузи, секоја од нив стои зад успесите на мажите.

Би можело да ве интересира

Екстремен студ во Сибир: Температурата во Краснојарск падна на -50°C

Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Предраг Петровиќ

Русија: Имаме „абнормална ситуација“ на леталото во орбитата на Месечината

Бунт на војниците на „Вагнер“ против Русија: 25.000 војници маршираат кон Москва

Горан Наумовски

Косово воведе нови санкции кон Русија

Лавров: Авторите на извештајот за Конференцијата за безбедност во Минхен ја претставуваат Русија во негативно светло

Наум Локоски