Лавров: Авторите на извештајот за Конференцијата за безбедност во Минхен ја претставуваат Русија во негативно светло

Од:

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека авторите на извештајот за Минхенската конференција за безбедност го претставуваат руското влијание во негативно светло.

– Кога на Запад размислуваат за влијанието на Русија, тоа во најголем дел се презентира во негативна светлина.Овој пристап не го избегнале ниту авторите на извештајот, подготвен за оваа конференција, изјави Лавров во Минхен.

Тој изјави дека спроведувањето на плановите за создавање на американски систем за против-воздушна одбрана во Европа ја поткопува стратегиската стабилност и дека Русија е заинтересирана за решавање на украинската криза.

Според него, Украина, која е земја со огромен животен потенцијал и талентиран народ, денес е доведена до „состојба на неспособност да самостојно да управува“, рече Лавров.

Рускиот министер рече дека ЕУ не успеа да пронајде златна средина во односите со Русија.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов