„Форбс“: Меркел е највлијателната жена во светот

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел седма година по ред е прогласена за највлијателна жена според калсификацијата на списанието „Форбс“, што беше објавена денеска.

На второ место е британската премиерка Тереза Меј. Минатата година второто место го освои поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон.

На трето место е Мелинда Гејтс, сопругата на основачот на компанијата „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

Во листата на највлијателни десет жени во светот за оваа година се наведени: Шерил Сандборг, извршната директорка на Фејсбук, шефицата на компанијата „Џенерал моторс“ Мери Бара, Сузан Војчички – извршната директорка на Јутјуб, Абигејл Џонсон – шефицата на инвестициската компанија „Фиделити инвестмент“, Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот валутен фонд, Ана Патрисија Ботин – шефицата на холдингот „Сантандер груп“, и Џини Ромети – шефицата на Ај-Би-Ем.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он