Фондацијата на Бил Гејтс ќе вложи уште 50 милиони долари за борба против еболата

Од:

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс ќе вложи 50 милиони долари за борба против вирусот на ебола, заедно со десетте милиони долари, кои веќе ги инвестираше за истата цел.

Смртоносниот вирус стана причина за смртта на над две илјади лица во западна Африка од почетокот на годината и беше прогласен за глобална закана од Светската задравствена организација.

Фондацијата, чие седиште е во Сиетл, ќе им достави средства на ОН, СЗО, Американскиот центар за контрола и превенција на болести и на меѓународни организации, кои се борат против ширењето на болеста.

Финансирањето ќе биде искористенои за купување лекови и за развивање вакцини, терапии и методи за дијагностика.

Од Фондацијата коментираа дека оваа одлука ја донеле по апелот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун за собирање на 600 милиони долари за борба против еболата.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски