Фон дер Лајен: Респораторите спасуваат животи, мораме да ги имаме во доволен број

Од:

Претседателката на Европската  комисија Урсула фон дер Лајен  денеска изјави дека со цел да се набават респиратори таа денеска свикала видеоконференциска средба со директорите на 25 компании што можат да почнат, да придвижат или да го пренасочат своето постојно производство за моменталните потреби на ЕУ.

„Респираторите можат да спасат животи и ние мораме да обезбедиме да ги имаме во доволен број во ЕУ“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа наведува дека учесниците во разговорот биле компании што ќе го пренасочат своето производство на респиратори, веќе постојни производители што можат да ги покренат своите производни капацитети, нови компании и друга постојна индустрија што може да создаде нови производни линии.

„Нивната посветеност е силен сигнал на надеж и солидарност“ заклчучи Фон дер Лајен на Твитер .

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

А1он

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

А1он

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

(ВИДЕО) Фон дер Лајен објави план од 5 точки: Европа силно ќе ги зголеми трошоците за одбрана

Фон дер Лајен: Европа мора итно да се вооружи, мора да се подготвиме за најлошото

Катерина Ѓуровски