(ВИДЕО) Фон дер Лајен објави план од 5 точки: Европа силно ќе ги зголеми трошоците за одбрана

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен даде изјава во Брисел за европските трошоци за одбрана и сигнализираше дека Европа е подготвена силно да ги зголеми трошоците за одбраната бидејќи, како што вели, повторно сме во ера на вооружување.

Фон дер Лајен вели дека напишала писмо до европските лидери, во кое го наведува планот од пет точки за повторно вооружување на Европа:

Ослободете ја употребата на јавните средства за одбрана – ако земјите-членки ги зголемат трошоците за одбрана за 1,5% од БДП, вели Фон дер Лајен, ова може да создаде фискален простор од близу 650 милијарди евра во текот на четири години

Нов инструмент кој обезбедува заеми од 150 милијарди евра на земјите-членки за инвестиции во одбраната

Користење на моќта на буџетот на Европската унија

Мобилизирање на приватен капитал преку Унијата за штедење и инвестиции

Мобилизирање на приватен капитал преку Европската инвестициска банка

Фон дер Лајен вели дека плановите за зајакнување на европската одбрана и зголемување на воените капацитети би можеле да мобилизираат околу 800 милијарди евра. „Ова е моментот во кој се наоѓа Европа и ние мора да живееме со него“, додава таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници загинати во Украина

ВИДЕО: Жесток украински напад на окупираните Донецк и Луганск, погодена руска база

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русите ја поминаа психолошката бариера: Освоивме место во нова регија

НАТО би можело да се распадне, порака од Русија

Стелт авиони на НАТО се распоредуваат на границата со Русија

Украина предлага средба меѓу Зеленски и Путин