Фон дер Лајен: Потребно е време да се одврзе јазолот со новите еврокомесари

Од:

Новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека е неопходно време за решавање на отворените прашања околу идните еврокомесари.

Таа ја даде изјавата неколку часа откако Европскиот парламент го отфрли и третиот кандидат за еврокомесар. Досега 23 кандидати се одобрени во транспарентен и демократски парламентарен процес.

Според неа, останува отворен процесот за определувањре нови кандидати од Франција, Унгарија и Романија.

– Ние треба да го забрзаме процесот, но на сите земји им треба време да ги одредат следните
чекори, додаде Фон дер Лајен по вонредната средба со претседателот на ЕП и шефовите на парламентарните групи од мнозинството од Европска народна партија, социјалистите и „Обновете ја Европа“.

Комисијата на Фон дер Лајен требаше да биде изгласана од ЕП на 23 октомври, со цел да стапи на должност од 1 ноември. Ако овие рокови не се почитуваат, ЕК со која претседаваше Жан-Клод Јункер ќе остане да работи подолго, но по 31 октомври нема да може да донесува одлуки и предлага ново законодавство на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови