Претседателката на Европската комисија, Усрусла фон дер Лајен најави дополнителна помош за европските земјоделци, со цел да им се обезбеди на Европејците пристап до квалитетна храна, која нема да поскапува, без разлика на последиците од кризата со Ковид-19.
– Борбата против коронавирусот влијае врз сите делови на европските економии. Еден од секторите во кој нема да толерираме каков било проблем е прехраната, истакна Фон дер Лајен во своето видео обраќање.
Таа најави дека на земјоделците ќе им бидат овозможени полесни пријави и поголеми парични исплати за руралниот развој.
Фон дер Лајен нагласи дека ќе биде поедноставен начинот за многу административни барања, а преку фондот за земјоделски развој ќе бидат поддржани и медицинските установи во руралните подрачја.
– Им благодарам на нашите земјоделци кои се грижат храната да биде пристапна во нашите продавници. Им благодарам на илјадниците европски граѓани кои доброволно помагаат во годинешната жетва. Тоа е прекрасен пример на европска солидарност, додаде претседателката на ЕК.