Фламанските националисти подготвени да формираат нова владина коалиција во Белгија

Од:

Умерените националисти од белгиската Нова фламанска алијанса засега се откажуваат од идејата за поделба на земјата и се подготвени да формираат четирипартиска коалициска влада на Белгија.

Во писмото на лидерот на Нова фламанска алијанса, Барт де Вевер испратено до сите евентуални политички партнери, тој наведува дека целта е да се обезбеди мнозинство во Федералниот парламент.

Нова фламанска алијанса се залага за конфедеративен принцип на уредување, како прв чекот кон конечна поделба на Белгија и укинување на монархијата.

Писмото на Де Вевер е испратено до фалманската партија Христјански демократи и Фламанци (ЦДФ), која досега учествувааше во шестпартиската коалиција предводена од валонските социјалисти, како и до валонските партии Демократски хуманистички центар (ЦДХ) и Реформско движење (МР).

Се очекува утре мандатарот Де Вевер пред кралот Филип да ги претстави резултатите од неговите тринеделни напори за формирање влада.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски