Фишер: Ако Комисијата на Јункер е последна надеж за Европа, тогаш сме готови

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Јошка Фишер, вели дека доколку новата Европска комисија предводена од Жан-Клод Јункер е последна надеж на Европа, дека во тој случај е завршена европската приказна, јави дописникот на МИА од Брисел. Говорејќи на конференција насловена „Европска вечер“, организирана од германско здружение, Фишер додаде дека на Германците не им е гајле за новиот претседател на неформалната Влада на Европската унија.

– Кој сака да биде управуван од Европа, запраша Фишер на почетокот на својот говор, по што следеше негов одговор: „Јас сакам“. Според поранешниот шеф на германската дипломатија, секој што е запознаен со европската историја не може да го оспори фактот дека големите достигнувања биле направени на 24 ноември.

– Јункеровата комисија е последна надеж на Европа? Тогаш сме готови! Еврокомисијата никогаш нема да стане власт затоа што нема мандат за тоа – ниту од народот, ниту од страна на владите, истакна Фишер.

Според политичарот од редовите на Зелената партија, негова надеж е дека новата Комисија ќе ја придвижи европската интеграција напред. Сепак, според Фишер, клучно прашање за европското владеење е прашањето за легитимитетот и дека дилемата со кој се соочуваме денес е дека луѓето чувствуваат дека ЕУ, според него – „станала премногу моќна и важна во секојдневен живот, а без влијание на обичните луѓе“.

– Прашањето на легитимноста е критичен момент, кога се зборува за Европа. Мора да го промениме размислувањето за тоа затоа што моделот што го имаме денес не е во можност да го поправи дефицитот на легитимитет. Легитимитет е едноставно прифаќање од страна на граѓаните, дека постои тело за донесување одлуки, чии одлуки се фундаментално ослободени од тоа да се доведат во прашање, посочи Фишер, според кого доброволното прифаќање на нештата е клучно за демократијата.

Екс-министерот за надворешни работи на Германија, додаде дека легитимноста недостасува на европско ниво, бидејќи целиот конструкција е всушност базирана на тоа да се има цел да се изостави политиката на стрнаа. Фишер вели дека ЕУ е бирократскиаконструкција и дека кризата во Европа и притисокот од надвор, всушност, придонело повеќе за обединување на Европа и дека „најтешката криза е домашната“.

Токму поради внатрешно-европската криза, според Јошка Фишер, политичката интеграција во ЕУ мора да се движи напред и постигне да се редизајнира оската на националните држави во Европа. Тој вели дека се заборава дека националните држави и понатаму се вистински политички субјекти во Европската унија и како резултат на тоа, 66-годишниот политичар предлага Европскиот совет да стане управно тело.

– Тие се избрани. Тие се познати. Германците повеќе или помалку не се грижат за Жан-Клод Јункер. Кога тие бараат водечка фигура, тоа е Канцелар – додава Фишер, посочувајќи ја Швајцарија како пример дека употребата на повеќе јазици не е пречка за поседување на една држава.

Поранешниот шеф на германската дипломатија, додаде дека лидерството во Европа не може да се споредува со американскиот претседател, но доколку создавање на европска влада е желба, тогаш, според него, централна тема на компромис ќе треба да се изгради во таквата конструкција. Негов предлог во оваа насока е националните парламенти да играат улога заедно со Европскиот парламент, наведувајќи дека тој „не мисли дека тоа ќе се спротивно на Европарламентот“.

– Парламентот има стекнато значително влијание и се уште не го достигнал крајот на својот развој, заврши Јошка Фишер.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски