Финска усвои законски измени кои овозможуваат изградба на ограда на границата со Русија

Од:

Парламентот на Финска ги поддржа измените на законот за обезбедување на границата, со кој се дозволува изградба на 1.300 километри долга ограда долж границата со Русија.

Идејата за подигање ограда за прв пат се појави на 1 мај, кога командантот на граничната полиција на финскиот регион Северна Карелија, Марко Турунен, објави дека има такви планови.

Според него, оградата би била подигната во зони со зголемен ризик или на територии кои бараат посебно внимание од граничарите, пренесува „Спутник“.

Заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Думата, Алексеј Чепа, смета дека таквата намера е во спротивност со целата историја на билатералните односи меѓу Русија и Финска.

На усвојувањето на измените на законот во финскиот парламент, реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Плот, галванизиран лим или вертикална метална ограда“, напиша Захарова на „Телеграм“.

Минатиот вторник во седиштето на НАТО беа потпишани протоколи за пристапување на Финска и Шведска во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба