Финска очекува поддршка од Турција за влез во НАТО

Од:

Финската влада очекува добри вести од посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со кандидатурата на Хелсинки за членство во НАТО.

Финскиот претседател Саули Нинисто рече дека очекува Турција да го одобри пристапот на неговата земја во воената алијанса откако тој ќе разговара со турскиот лидер кој е во посета на земјата.

Ако тоа се случи, тоа би значело дека е практично отворен патот Финска да стане членка на НАТО пред нејзиниот нордиски партнер Шведска. Финскиот парламент би можел да го ратификува членството пред изборите во Турција на 14 мај. Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО пред околу 10 месеци. До денес, 28 од 30 членки на НАТО ги имаат ратификувано своите пристапни протоколи. Тоа се уште не го направиле само Унгарија и Турција.

Се очекува Унгарија наскоро да даде одобрение. Но, Анкара досега го блокираше пристапувањето, наведувајќи ја недоволната борба против „терористичките организации“ во земјите кандидати за членство. Сепак, се смета дека овие жалби се главно насочени против Шведска. Ердоган во Анкара рече дека Турција „ќе го одржи ветувањето што го даде“ во врска со влезот на Финска во НАТО.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе