Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се согласува со американскиот претседател Доналд Трамп дека американските и европските сојузници треба подеднакво да го делат товарот на воената помош за Украина.

Трамп бара од Европа да инвестира повеќе во одбраната, до пет проценти од БДП, иако ниту една од членките на НАТО, вклучително и САД, не е ни блиску до тоа, и да преземе поголема одговорност за да му помогне на Киев против речиси тригодишната руска инвазија.

Минатата година сојузниците се согласија да и дадат на Украина 40 милијарди евра воена помош, но ја завршија со 50 милијарди, од кои повеќе од половината беа од европските земји и Канада, според податоците на алијансата. Остатокот дојде од САД.

„Тоа испраќа јасна порака за нашата несомнена посветеност на Украина“, им рече Руте на новинарите во Брисел пред состанокот за продолжување на помошта за Киев.

„Тоа е исто така голем чекор напред кон она што го бара претседателот Трамп. Се согласувам со него дека мора да ја стандардизираме безбедносната помош за Украина“, додаде тој.

НАТО неодамна објави дека Европа и Канада инвестирале 485 милиони евра во одбраната во 2024 година, 20 отсто повеќе од претходната година.

Би можело да ве интересира

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија