Финска и Шведска во вторник ќе го потпишат протоколот за влез во НАТО

Од:

Шведска и Финска во вторник ќе потпишат протокол за влез во НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Политичката одлука за прием на Финска и Шведска беше донесена вчера на самитот на лидерите на Алијансата, а протоколот за пристапување ќе биде потпишан во вторник“, рече Столтенберг на прес-конференција по самитот на НАТО во Мадрид.

Откако ќе се потпише, пристапниот протокол мора да биде ратификуван во сите 30 земји-членки на НАТО.

Столтенберг рече дека на „трансформативниот самит“ лидерите на НАТО донеле далекусежни одлуки за прилагодување на Алијансата за иднината. Меѓу другото, тој ги спомена суштинската реорганизација на силите за одвраќање и одбрана, одлуката за прием на Шведска и Финска за членство, долгорочна поддршка за Украина и усвојување на нов стратешки концепт.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година