Филипински суд казни Кинези фатени во илегален риболов

Од:

Филипински суд во градот Пуерто Принцеса на островот Палаван денеска ги прогласи за виновни деветмината кинески рибари фатени во близина на Спартли коралните гребени, дел од Јужното Кинеско Море околу чија сувереност спорат Кина и Филипините.

Кинеските рибари се фатени и уапсени во мај годинава Освен што ќе бидат казнети за илегален риболов, кинеските државјани ќе одговараат и за загрозување на животната средина, бидејки се фатени како ловат морски желки чиј вид е заштитен со закон.

Филипинската морнарица при откривањето на рибокрадците открила стотици уловени желки од заштитениот вид, а поради таквиот улов, веднаш по пристигнувањето во заливот на рибарите им била изречена казна од по 87.000 долари, Кинескиот рибарски брод што има носивост од 15 тони е фатен на 111 километри оддалеченост од најзападниот остров на Филипинскиот архипелаг.

Кинеските илегални рибари се откриени и уапсени во мај годинава. Пекинг неколку пати се обидуваше по дипломаатски пат да го реши овој проблем, но филипинските власти не ги прифатија апелите.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција