Филипините очекуваат поголема економска соработка со Кина

Од:

Затегнатите политички односи меѓу Кина и Филипините, поради спорот за сувереноста на териториите на Јужното Кинеско Море, нема да се одразат на економската соработка меѓу двете држави.

Директорот на Агенцијата за развој на националната економија на Филипините Теодор Балисакан, за весникот „Манила тајмс“, изјави дека во последниве две години размената меѓу Кина и Филипините достигнува вредност од 15 милијарди долари годишно, а од двете страни има најави вредноста двојно да се зголеми во 2.016 година.

Поради спорот околу Јужното Кинеско Море, а уште повеќе поради стратешкото сојузништво на Филипините со САД, на Филипините речиси и да нема директни кинески инвестиции.

Иако потенцијалните инвеститори од Кина изјавуваат дека во рамки на глобалната кинеска политика политичките односи меѓу двете држави не треба да влијаат на интересирањето за вложувања, малиот обем на директни инвестиции во Пекинг се објаснува со недостиг на инфраструктура, административни тешкотии и корупцијата ма Филипините.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Торнадо уриваше згради како кули од карти, има загинати, 88 повредени

Брутално прикажување на воена моќ

Мислела дека е чекан: Со рачна граната 20 години кршела ореви и ковала клинци

Предраг Петровиќ

Кина: Поранешни министри исклучени од Комунистичката партија поради мито и корупција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Силен земјотрес ја погоди Кина