Филип Хамонд нов британски министер за надворешни работи

Од:

Филип Хамонд е новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, откако досегашниот шеф на Форин офисот, Вилијам Хејг доцна синоќа поднесе оставка на функцијата.

Именувањето на Хамонд, кој досега беше министер за одбрана, за шеф на британската дипломатија и заминувањето на Хејг се дел од широката реконструкција на владиниот состав од редовите на конзервативците, што премиерот Дејвид Камерон ја најави минатата недела, а ја започна вчера попладне.

Новиот министер за надворешни работи се соочува со „огнено крштевање“ затоа што преземањето на оваа функција доаѓа во време кога британската дипломатија работи на дефинирање на позицијата за вкупната ситуација на Блискиот Исток, со продолженото војување во Сирија и длабоката криза во Ирак, како и на преговорите со Иран околу неговата нуклеарна програма, нејасната ситуација во Украина и кризата на односите со Русија.

Хамонд во следните десет месеци до парламентарните избори  во мај 2015 година, треба да обезбеди услови за победа на Камерон и на планираниот референдум за останување или за напуштање на ЕУ,до крајот на 2017 година.

Филип Хамонд кај дел од политичката јавност и посебно во редовите на опозицијата, важи за „тврд евроскпетик“ кој заговара британско напуштање на Унијата.

Неговите сопартијци, меѓутоа, велат дека „нема силни докази“ за таквото квалификување на Хамонд, опишувајќи го како чесен политичар, но не и како политичка личност која би била рамна со Хејг.

Овие извори сметаат дека досегашниот шеф на Форин офисот, Хејг „морал да замине“ од функцијата, затоа што веќе го загубил интересот за политиката. Тој сепак се опишува како  „голем човек“ затоа што прифати да работи на далеку пониска и помалку заначајна функција во владата, која многу други политичари од негов ранг,не би ја прифатиле.

Заминувањето на Хејг, кој поднесе оставка, за да не биде сменет, претставува најзначаен момент во оваа реконструкција на министрите-ториевци во составот на владината коалиција.

Тоа доаѓа во незгодно време за официјален Лондон, по неуспехот на британската дипломатија да го спречи назначувањето на Жан-Клод Јункер за нов претседател на Европската комисија и покрај силната дипломатска офанзива на Велика Британија и на нејзниот премиер.

Во првата изјава како поранешен министер за надворешни работи, Хејг ги отфрли тврдењата за неединство во конзервативните редови, посебно кога станува збор за европската политика.

– Никогаш досега партијата не била толку единствена за прашањата поврзани со ЕУ, прво, за новите европско-британски преговори, а потоа и за организирањето референдум, рече Хејг.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он