Фидел Кастро – последната крупна фигура на меѓународниот комунизам

Од:

Кубанскиот лидер Фидел Кастро, кој почина минатата ноќ во Хавана, беше последната крупна фигура на меѓународното комунистичко движење и симбол на надежта на земјите од „Третиот свет“ за нивно конечно ослободување од колонијалната власта.

„Ел Барбудо“ (Брадестиот) Фидел, кој со децении беше постојано во својата зелена униформа, сепак во Куба не и ја донесе најавуваната слобода и демократија, туку воведе власт на „железна тупаница“, наметнувајќи се себе си како нејзин авторитарен и догматски лидер, отфрлајќи ги идеите за кавква било демократизација и задушувајќи ја кубанската опозиција.

Во своето полувековно владеење со Куба, Кастро беше „трн во окото“ на 11 американски претседатли, кои се обидуваа да го уништат единствениот „комунистички бастион“ во западната хемисфера,

Архивите бележат серија обиди на Вашингтон за ликвидација на Кастро, при кои главната улога ја имала американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Плановите на ЦИА за соборување на Кастро започнуваат набрзо по неговото доаѓање на власт во 1959 година, при што биле разгледувани неколку веријанти за негова ликвидација – од подарувањето на отровна пура, па до давањето на морска школка наполнета со експлозив,

Како што наведува ДПА, овие операции на ЦИА со години биле држени во тајност, се додека во 1975 година не ги обелодени Комисијата „Чрч“ на американскиот Сенат.

Во извештајот на комисијата, предводена од сенаторот Ентони Чрч се посочува дека ЦИА планирала физички ликвидации на голем број политички противници ширум светот, но дека ниту еден од тие планови немале таков приоритет како отстранувањето на Кастро од власта.

Комисијата изнесе податоци за најмалку осум обиди за атентат врз Кастро, што ги организирала ЦИА, од кои некои биле спроведени неуспешно, а некои останале само како план на хартија.

Од друга страна, поранешниот началник за разузнавање на Кастро во својата книга тврди дека имало стотици обиди на САД за елиминација на кубанскиот лидер, но за тоа нема никаква официјална потврда од страна на амриканските власти.

Фидел Кастро почина минатата ноќ на 90-годишна возраст.

– Главниот командант на кубанската револуција почина вечерва во 22:29 часот (утрово во 04:29 по средноевропско време), објави рано изутринава неговиот брат Раул Кастро во специјалното обраќање до нацијата преку националната телевизија.

Тој информираше дека телото на „ел команданте ен хефе“, согласно неговата желба, ќе биде кремирано во текот на денешниот ден.

Фидел Кастро е роден на 13 август 1926 година во местото Биран во провинцијата Оринете во земјоделско семејство. Во 1949 година дипломира на Парвиот факултет во Хавана, по што почнува да се занимава во политика.

На 26 јули 1953 година, Фидел со група негови приврзаници организира неуспешен напад врз касарната во Сантијаго де Куба, по што е уапесн и осуден на 15 години затвор.

По општата амнестија во 1955 година, е ослободиен од затвор и емигрира во Мексико, за веќе следната година да се врати на Куба со група вооужени собирци и на 2 декември ја започнува Кубанската социјалистичка револуција.

Револуцијата завршува на 1 јанури 1959 година, кога Кастро ја презема власта во земјата, по што во 1961 година тој во Куба воведува социјалистичко уредување по советскиот модел.

На 3 декември 1976 година Фидел Кастро покрај функцијата генерален секретар на Комунистичката партија на Куба ги презема и должностите претседател на Државниот совет на Куба, односно шеф на државата и кубански премиер.

На овие функции останува до август 2006 година, кога му ги препушта на неговиот брат Раул, а во 2011 година ја напушта и должноста генерален секретар на Комуниситчката партија.

Смртта на Фидел Кастро доаѓа две години по историскиот договор меѓу САД и Куба за обнова на односите, кои беа замрзнати во текот на кубанската криза во 1962 година, кога светот беше доведен на работ на Нуклеарна војна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД