Словачкиот премиер Роберт Фицо се огласи за можното одлагање на изборот за претседател на Европскиот совет, што треба да се одржи на пратстојниот самит на врвот на Европската унија.
Овој свој став тој денеска им го образложи на пратениците во Братислава.
Планирано е самитот на врвот на ЕУ да се одржи утре и задутре, јави ТАСС.
– Ако претставниците на Полска успеат да ги одложат изборите за претседател на Европскиот совет, Доналд Туск тешко дека ќе биде реизбран. Тогаш може да биде избран некој друг, а тој нема да биде претставник на Централна и Источна Европа, истакна Фицо.
Словачкиот премиер изрази поддршка за Туск.
– За нас е важно кандидатот да биде од нашиот регион. Доналд Туск ги разбира проблемите на регионот. Со него се работи добро, нагласи Фицо.
Според него, аргументите на Варшава за противењето на реизборот на Туск не се задоволувачки за Братислава.
– Претпочитам изборите за претседател на Европскиот совет да се одржат на оваа средба на врвот на ЕУ, наведе Фицо.
Полскиот премиер Беата Шидло неодамна испрати писмо до европските лидери, во кое бара Туск да не биде реизбран за претседател на Советот.
Шидло наведе дека, „претседателот на Евроспкиот совет повеќепати ги надминал своите овластувања, користејќи го авторитетот на неговата позиција во остри внатрешни спорови“.