Фицо ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ не успеаја да постигнат договор за 18-тиот пакет санкции против Русија на состанокот во Брисел во вторник, изјави шефицата за европска надворешна политика Каја Калас.

„За жал, денес не можевме да постигнеме договор“, рече таа по министерскиот состанок.

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека неговата влада побарала одложување на гласањето за 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, тврдејќи дека сегашниот предлог на Европската комисија е „несоодветен“ за интересите на Словачка.

Фицо го повтори своето противење на планот на ЕУ за забрана на увозот на руски гас од 2028 година, нарекувајќи го „имбецилен“. Тој рече дека е подготвен за преговори, но дека за Словачка, исклучок до истекот на сегашниот договор во 2034 година останува „најдобро решение“.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност