Активистки на организацијата Фемен денеска протестираа пред Европскиот парламент во Брисел во одбрана на приведените претставнички на движењето во Тунис.
Демонстрантките сакале да го привлечат вниманието на европратениците кон случајот со приведувањето на нивни „колешки“ од Германија и Франција, но нивните активности се совпаднаа со јунската сесија на ЕП, што денеска продолжи во Стразбур.
Со разголени гради, седумтте жени протестираа со плакати „Претстои женската пролет“, алузија за очекувани промени, слични на таканаречената „Арапска пролет“.
Медиумите забележуваат дека двете приведени Европејки во Тунис се во затвор заради својата „гола“ акција во одбрана на тунижанката Амина Сбуи.
Германката и Французинката на 29 мај беа приведени од туниските власти, откако беше спречен првиот голоград протест во арапскиот свет.
Сбуи е во затвор од 19 мај, откако на ѕидот на локалните гробишта во Тунис напишала „Фемен“, во знак на протест против средба на салафистите.