Феликс: Се плашев дека ќе ми излезат очите од главата

Од:

Милиони луѓе кои во живо го следеа скокот на Феликс Баумгартнер им застана здивот кога Австриецот ја изгуби контролата и почна да се врти околу својата оска додека паѓаше со брзина поголема од 1000. километри на час.

Тоа беше моментот кога контролниот центар во Ново Мексико не знаеше дали е Феликс воопшто свесен или е жив. Додека Џо Китинџер повторуваше „Феликс дали си свесен“, на Баумгартнер низ главата му поминувало најцрното сценарио и неговиот најголем страв-дека центрифугалната сила, преку крвта ќе му ги исфрли очите од глава.

„После одреден број вртења, постои само еде начин крвта да излезе од телото, а тоа е низ очите. Тоа значи дека сте мртви. Од тоа се плашев цело време“, рече Феликс.

Тој кажа дека два пати размислувал да ја прекине мисијата, првиот пат кога му се замаглил визирот на кацигата поради квар на грејачот и студот во кабината, а вториот пат на почетокот на скокот кога почнал неконтролирано да се врти околу својата оска.

Во тие моменти Феликс размислувал дали да го активира падобранот. Тоа би го запрело вртењето, но неговата мисија би била непотполна, па одлучил да продолжи и покрај се.

Тој кажа дека опоравувањето од вртежите било многу потешко отколку при обичниот пад, поради ограничените можности внатре во специјалниот костим.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата