Фејсбук вработи нови 500 лица во Германија за да вршат проценка на содржините објавувани на социјалната мрежа

Од:

По стапувањето во сила на законот за санкционирање на говорот на омраза на Интернет во Германија, Фејсбук вработи 500 нови соработници во Германија, кои ќе прават проценка на содржините кои корисниците на социјалната мрежа ги објавуваат.

Додавајќи ја оваа бројка на претходно вработените, Фејсбук во Германија има околу 1.200 лица кои што работат на проверка на содржините.

Новите вработени ќе работат од зградата која што беше отворена денес во Есен.

Според законот донесен во јуни оваа година, до 50 милиони евра може да изнесува казната за социјланите мрежи доколку за една седмица не ја отстранат нелегалната содржина.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче