Фејсбук повеќе нема да им препорачува на корисниците да се вклучуваат во одредени здравствени групи на социјалната мрежа, соопшти компанијата во обид да ги спречи дезинформациите кои се објавуваат во такви групи.
Исто така, Фејсбук смета дека корисниците треба да ги добијат вистинските здравствени информации исклучиво од веродостојни извори.
Минатата година компанијата отстрани повеќе од милион групи кои ја нарушија политиката на Фејсбук со дезинформации и штетни содржини, објавено е на блогот на Фејсбук.
Компанијата исто така започна да ги отстранува дезинформациите за пандемијата на коронавирусот, кои би можеле да бидат исклучително штетни.