Фејсбук отстрани неколку објави на Трамп во предизборната кампања

Од:

Политичката кампања за претседателските избори во САД е во тек, а според бордот на Фејсбук, изборната кампања на Доналд Трамп на социјалната мрежа содржи премногу „насилна“ и „понижувачка“ содржина насочена кон спротивната страна.

Во објавите од изминатиот период имало нацистички симболи и навредливи пораки кон „АНТИФА“ и левите политички движења кои се прикажани во кампањата како блиски до Демократската партија.

Објавите претходно биле споделувани и од страна на официјалните Фејсбук профили на актуелниот претседател, но можеле да се пронајдат, исто така и кај неговиот заменик, Мајк Пенс.

Претходно американскиот претседател, Трамп го прогласи движењето „АНТИФА“ како терористичка организација и директна закана за американските градови, а таквата постапка беше критикувана од демократите.

Од Фејсбук велат дека тие ги отстраниле објавите поради тоа што истите биле во спротивност со политиките на компанијата.

Би можело да ве интересира

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп