Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до крајот на годината

Од:

Фејсбук денеска соопшти дека ќе им овозможи на своите вработени, кои имаат можност да работат од дома, тоа да го прават до крајот на годината.

Како што пренесуваат странските агенции, одлуката е донесена во време кога пандемијата на коронавирус ги принудува владите да продолжат со мерките за седење дома за да го контролираат ширењето на болеста.

Компанијата очекува повеќето нејзини канцеларии да останат затворени до 6 јули, изјави нејзиниот портпарол.

Вирусот, кој досега зарази повеќе од 3,8 милиони луѓе ширум светот, наложи воведување сериозни блокади во повеќето земји и го смени начинот на функционирање, а работењето од дома сега се појавува како нова норма.

Би можело да ве интересира

Технолошките гиганти му се придружија на Фејсбук против израелската хакерска компанија НСО

Ана Ололовска

Делумно уривање на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер

Ана Ололовска

Властите во САД бараат Фејсбук да се лиши од Инстаграм и Ватсап

Ана Ололовска

Вработени во Фејсбук ја обвинуваат компанијата дека ги принудувала да се вратат во канцеларија

Ана Ололовска

Повеќе од 20 милиони луѓе го следат „Катар ервејс“ на Фејсбук

Ана Ололовска

Ирска отвори две истраги против Фејсбук

Ана Ололовска