Одговорните лица во „Фејсбук“ соопштија дека нивната компанија ќе инвестира во изградба на подводен телекомуникациски кабел што ќе спојува побеќе земји од Азија.
Според плановите, изградбата на кабелот „Asia Pacific Gateway“ ќе чини 450 милиони долари и треба да биде завршен до 2014-та година. Ќе стартува од Малезија, Јужна Кореја, Јапонија, потоа во Кина, Хонг Конг, Сингапур, Тајван и Виетнам. Капацитетот на кабелот ќе биде 54,8 терабити во секунда, каналите 40 гигабити во секунда, а ќе може да се надоградува со дополнителни 100 гигабити во секунда.
Во финансирањето на изградбата покрај компанијата на Фејсбук, учествуваат и Time dotCom (Малезија), China Mobile, China Telecom, China Unicom (сите три од Кина), Chunghwa Telecom (Тајван), KT Corporation, LG Uplus ( двете од јужна Кореја), NTT Communications (Јапонија), StarHub (Сингапур), Viettel Group, Vietnam Posts and Telecommunications Group (двете од Виетнам).
„Со новиот телекомуникациски кабел ќе е овозможи подобара комуникација со нашите клиенти во овие земји“, изјавија од Фејсбук.