„Фејсбук“ го откажа самитот поради новиот коронавирус

Од:

Компанијата “Фејсбук” соопшти дека го откажува глобалниот самит за маркетинг, што требаше да се одржи следниот месец во Сан Франциско, поради ризикот од новиот коронавирус.

Самитот за маркетинг требаше да се одржи од 9 до 12 март во “Москон Центар”, на кој се очекуваше да присуствуваат над 4.000 учесници.

Претходно, Светскиот мобилен конгрес во Барселона беше откажан откако изложувачите од телекомуникациската индустрија масовно се повлекуваа поради страв од новиот коронавирус.

Од новиот коронавирус досега починаа над 1.300 луѓе, а заразени се приближно 64.000 лица.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он