ФБИ во Калифорнија уапси двајца осомничени џихадисти

Од:

ФБИ во јужна Калифорнија уапсила двајца мажи, кои се осомничени за обид да заминат во странство за да и се приклучат на групата Исламска држава, информира американската телевизија „Ен-Би-Си Њуз“.

Како што наведуваат британските медиуми, едниот бил приведен на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, а другиот во Оринџ Каунти.

„Ен-Би-Си Њуз“ цитира неименувани претставници на безбедносните органи, според кои, двајцата приведени не биле вооружени и не претставувале закана за јавната безбедност.

Портпаролката на ФБИ го потврди апсењето на двајцата во истрагата на специјалните сили за борба со тероризмот, но одби да даде детали се додека против приведените не се покрене обвинение.

Двајцата приведени денеска ќе бидат изведени пред Федералниот суд во Санта Ана.

Во последните неколку месеци се уапсени неколку лица под сомнение дека планираат да заминат за Сирија и да се борат во редовете на ИД, вклучувајќи и шестмина Американци од сомалиско потекло, кои во април беа приведнеи во Минесота.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД